Општина Центар доделува субвенции за полагање возачки испит

Возењето автомобил без возачка дозвола е опасно за сите, младите лица мора да имаат положено возачки испит доколку сакаат да бидат учесници во сообраќајот. Вчера, распишавме јавен повик за доделување субвенции на младите жители на Центар за полагање на возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на нашата општина.
Со овој чекор, преку субвенција од 10 илјади денари ги поттикнуваме младите да учат од професионални возачи, законски да можат да управуваат возило наместо да возат без возачки дозволи што е недозволиво. Безбедноста на младите во сообраќајот е приоритет!”, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.
Герасимовски, потенцира дека возењето возило со возачка дозвола е клучно за безбедноста во сообраќајот, а за да се биде одговорен учесник во сообраќајот, неопходно е да се помине обука и да се има возачка дозвола.
Право на субвенција имаат сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година, а живеат на подрачјето на Општина Центар најмалку една година.
Субвенцијата изнесува 10.000,00 денари и може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар.
Доставата на барањата се врши во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 09:00 до 15:00 часот, со приложување на следните документи:
– Барање за субвенција;
– Копија од лична карта;
– Копија од трансакциска сметка;
– Доказ за извршена уплата во автошкола; – Доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар;
Ново на Сител
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
-

Еврејската заедница на иста линија со претседателката: Потребен е посебен полициски надзор за објектите на еврејската заедница
-

26.046 денари е новата минимална плата, Трендафилов ја напушти седницата на ЕСС и најави протести
-

Во среда ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование
-

Утре ќе се прави уште една ексхумација на жена, поради сомнеж дека е жртва на серискиот убиец од кумановско
-

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на ДКСК Ристовска
