Општина Центар 2,3 милиони евра од данок на имот, Арачиново 0 денари
Сите општини заедно, просечно годишно наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра за данок на имот од граѓаните и од фирмите. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент, посочуваат резултатите од истражувањето и базата на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година што ги објави денеска Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Значително поголем дел од данокот на имот, се посочува, се прибира од граѓаните, 70 проценти, додека од правните лица, односно од фирмите се прибираат останатите 30 проценти. И успешноста во наплатата е поголема кај граѓаните и изнесува 85 проценти, а кај фирмите се наплатува по 78 проценти од пресметаниот данок.
Во анализираните три години, односно 2017, 2018 и 2019 година постои зголемување на износот на наплатен данок на имот. Сепак, за разлика од 2018 година кога порастот во однос на претходната година бил 12,5 проценти, во следната 2019 порастот бил само 2,5 проценти.
-Најголеми приходи од данок на имот има скопската Општина Центар, по околу 2,3 милиони евра годишно, а најмали, односно без приходи по овој основ е Општина Арачиново која не ни наплатува ваков данок, бидејќи нема база на податоци на даночни обврзници, ниту има формирано даночно одделение, поради што и не издава даночни решенија. Само десетте градски скопски општини прибираат половина од цел данок на имот што се прибира на ниво на држава. Најуспешни во наплатата на овој данок се Росоман и Ресен, најмалку успешни, Студеничани и Маврово и Ростуше. По региони, највисок процент на наплата на овој данок има кај општините од Вардарскиот регион, а најнизок од Полошкиот регион, наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.
Истражувањето е реализирано во рамките на активноста „Јавно трошење за јавно добро“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит