Општина Битола продолжува со следење и мерење на аерозагаденоста на воздухот
Акредитирана лабораторија која во изминатиот период вршела мерење на квалитетот на воздухот во Битола, денеска во општина Битола имаше втора презентација на добиените резултати.
Од мониторираните 14 денови, во првите три не е надмината законски пропишаната максимално дозволена концентрација на ПМ 10 честичките, додека наредните 11 дена од мониторингот, концентрацијата на ПМ 10 честичките ја надминува максимално дозволената концентрација со достигнување на максимални вредности на 10-тиот и 13-тиот ден од мониторингот, информираа претставници на експертскиот мониторинг тим ангажирани од општина Битола.
- Ова е карактеристична појава за зимскиот период особено на населени места над кои се издигнуваат високи планински масиви, а дополнителна причина претставуваат греењето и сообраќајот. Врз основа на резултатите можеме да заклучиме дека во зимскиот период има надминувања на бензоалфапиренот, што е очекувано за разлика од летниот период. Зголемувањето на бензоалфапиренот се должи на согорувањето на фосилните горива од домаќинствата и сообраќајот. Зимскиот период е период во кој се очекува не само во Битола, туку на целата Земјина топка да имаме надминување на ПМ 10 честичките. Секое надминување е алармантно, но суштината е да се најде решението за резултатите да се доведат во нормалните граници, истакна Сузана Темелкоска, управител на Еуромак контрол друштво, акредитирана лабораторија која ги вршеше мерењата во Битола, а комплетната анализа беше направена во единствената акредитирана лабораторија во регионот во Црна Гора.
Според извршените анализи, најважните решенија за надминување на состојбата во моментот се однесуваат на решавање на проблемот со греењето во зимскиот период, како и намалување на сообраќајниот метеж. Општина Битола, во континуитет продолжува со реализација на веќе започнатите мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, предочи градоначалникот Владимир Талески.
- Дишевме воздух каков што самите го создававме. Покрај климатските промени, греењето се покажа како најважниот фактор кој што придонесува за зголемување на ПМ 10 честичките. Ние сите години наназад преземаме низа мерки. Покрај тоа што ги тргнавме семафорите од улиците, направивме кружни текови по улиците, сообраќајот непречено да се движи, изработуваме проект за велосипедски патеки, кој што оваа година сакаме максимално да го реализираме. Се разбира има и низа мерки кои се однесуваат на најсуштинското прашање – затоплувањето. Во договор со Владата донесена е одлука за топлификација на Битола, а јас сум сигурен дека следните неколку години тој ќе биде најзначаен проект. Изминатиот период извршивме масовно чистење на оџаците во сите јавни установи, а преку ЈП „Комуналец“ оспособена е цистерна која во секој момент е подготвена да излезе на терен и да започне со прскање на улиците, но во согласност со посебните услови кои ги бара таквата активност, изјави градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.
Ново на Сител
-
Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор
-
Дал 5 евра за автобусот да ја мине границата, уапсен 28-годишен Косовец на Блаце
-
Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јануари-јуни 2024 и исплата за градинарско производство
-
Забрана за движење товарни моторни возила на патот Дебар - Маврово и Тетово – Попова Шапка
-
Студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото