Општина Битола ќе отвори инфо пункт за туристи

Советот на Општина Битола во рамки на програмата за развој на туризмот одлучи во градот да биде отворено туристичко инфо биро, пункт за туристите и промоција на туризмот.
Проектите и сет мерките се со цел да се постигне посакуваната визија „Битола, атрактивна туристичка дестинација“, одлучија битолските советници.
Во информативниот пункт ќе бидат дистрибуирани информации за сместување, посета на знаменитости, влезници за настани и манифестации, продажба на туристичка мапа, водич, разгледници…
Општина Битола во текот на 2019 година очекува од комунална такса за привремен престој во градот која се наплаќа од туристи посетители во градот да акумулира околу 1,6 милиони денари, а од нив 400.000 денари ќе бидат наменети за отворање на туристичкото инфо биро, 600.000 денари за промотивни активности, 500.000 денари за промотивни активности во соработка со ЈУ Национален парк „Пелистер“, а останатите средства ќе бидат вложени за саемски манифестации, семинари, обуки на одговорните лица како и учество на настани кои придонесуваат за развојот на туризмот во Битола.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
-

Здружението „Бадникови поворки“ ја објави програмата за бадниковата манифестација
-

Мицкоски: Дислокација на „Усје“ не е проблем за Владата
-

ПАП и ехо не смее да се наплатува - Фондот за здравство и УЈП казни половина од контролираните матични гинеколози
-

Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
