Општина Аеродром објави јавен повик за субвенционирање печки на пелети
Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети за 2019 година, објави денеска Општина Аеродром. Јавниот повик кој почнува од денеска, ќе трае до 10 октомври, а средствата ќе се доделат по принципот „прв дојден, прв услужен“.
– Секој жител што купил печка на пелети во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на Јавниот повик, заклучно со 10 октомври, може да достави барање за поврат на средствата во висина до 50 отсто, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, наведуваат од Општината.
Информации за потребните документи за аплицирање, како и формуларот за поднесување барање може да се најдат и преземат на веб-страницата на Општина Аеродром.
Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за печки на пелети“ со назнака „Не отворај“, посочуваат од Општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци