Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз
Град Скопје и ЈСП поради својата неспособност ги оставија жителите на Долно Лисиче без градски превоз, а за тоа се правдаат со некакви причини, кои да не беше трагична целата оваа ситуација, ќе ги оценевме како смешни и инфантилни, велат од општина Аеродром.
- Остро реагираме на одлуката да се укине единствената линија со број „33“ што го поврзува Долно Лисиче со останатиот дел од Аеродром, поради, како што велат од Град Скопје во демант до медиумите, техничка неисправност на автобусот. Оттаму тврдат дека ЈСП има средства за регистрација на возилото, но тоа е исклучено од сообраќање поради неисправност. Нас како Општина, но и граѓаните на Долно Лисиче не нè интересираат причините за прекинот на градскиот превоз до овој дел од Аеродром, и не планираме да навлегуваме во работата на Градот и на ЈСП, туку бараме веднаш да се изнајде решение и да се пушти автобус на оваа и онака ретка линија, се наведува во денешното соопштение од општина Аеродром.
Додаваат дека ова е само уште еден во низата факти кои укажуваат дека Град Скопје е во тотален колапс, за, како што велат, што цената ја плаќаат сите наши граѓани.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз