Општина Аеродром ги избра добитниците на субвенции за велосипеди, инвертери и печки на пелети

Општина Аеродром ги избра добитниците на субвенции за набавка на велосипеди, инвертер-клими и печки на пелети по јавните повици што беа објавени на крајот од септември.
На јавниот повик за набавка на велосипеди се пријавија вкупно 303 жители на Општина Аеродром, од кои 287 беа со уредна документација и ќе добијат средства. За набавка на инвертер-клими, од 42 пријави, условите ги исполнија 19 домаќинства, додека за набавка на печки на пелети субвенции ќе добијат тројца пријавени, а еден не ги исполнил бараните услови.
Во истиот период Општина Аеродром објави и јавен повик за субвенционирање чистење оџаци, но немаше ниту една пријава.
Добитниците на субвенциите ќе бидат писмено известени, а паричните средства ќе им бидат исплатени до крајот на ноември или на почетокот на декември.
Општина Аеродром оваа година за субвенциите издвои вкупно 1.100.000 денари од својот буџет.
Ново на Сител
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
