Балкан
5. March 2019 - 15:38

Опсадна состојба во Тирана- Илјадници демонстранти го опколија парламентот и извикуваат: Рама, оди си!

Над 1000 демонстранти, приврзаници на опозицијата, ја опколија денеска зградата на парламентот во Тирана, барајќи оставка од владата и распишување на вонредни избори.

Албанските медиуми пренесуваат дека претставниците на опозицијата запалиле гуми пред зградата на парламентот и извикувале: „Рама оди си!“.

Илјадници демонстранти кои ја поддржуваат опозицијата го опколија парламентот, барајќи оставка од владата и предвремени избори, обвинувајќи за владата за корупција и врски со криминалот.

Зградата од парламентот во Тирана од утрово е опкружена со бодликава жица како и со стотици полицајци.

Албанските медиуми и претходно известија дека Тирана од рано утрово практично е под полициска опсада со оглед на тоа дека паралелно со заседанието на парламентот е закажан и опозициски протест па пратениците на мнозинството во зградата на собранието почнаа да се собираа еден час порано, пред почетокот на сесијата за да избегнат средба со демонстрантите.

Силни полициски сили, како што се наведува, ги блокирале пешаците и минувачите меѓу Уметничката галерија и Министерството за внатрешни работи.

Секој кој сакал да помине низ „забранетата зона“ морал на полицијата да и покаже лична карта.

Се наведува и дека полицијата не им дозволува на медиумите да влезат во зградата на парламентот за да не се сретна со пратениците од владеачката Социјалистичка партија, кои на сесиите доаѓаат еден час порано за да ја избегнат средбата со протестантите, кои се уште не почнале масовно да се собираат.

Во текот на претходните протести демонстрантите фрлале бакљи и камења додека полицијата одговори со солзавец.

Пратениците од опозициската Демократска партија поднесоа оставки на пратеничките функции и така практично ги отфрлија повиците од ЕУ, САД и меѓународните организации да почнат дијалог со владата.

Владеачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама има 74 од вкупно 140 места во парламентот.