Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите
Во Собранието денеска е закажана 41. седница, на која ќе и претходат опозициски прашања, инструмент којшто почна со примена на новиот Деловник што се совпадна со мандатот на актеулните пратеници. Во првите два часа пратениците од опозицијата ќе им поставуваат прашања на премиерот, на министрите и други именувани и избрани лица.
На дневен ред на 41. седница се ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за кривичните дела и некои други акти извршени во воздухоплови, на Протоколот за дополнување на Конвенцијата за сузбивање на незаконито грабнување на воздухоплови, на Конвенција за спречување на незаконски дејствија поврзани со меѓународното цивилно воздухопловство, и на Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за постапка по претставки и на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Софија, на 27 февруари 2001 година и втората измена на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Цавтат, на 4 јуни 2004 година.
Се очекува Собранието да го донесе Предлог на закон за изменување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија - второ читање. Пратениците ќе расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за работните односи и на Законот за јавните патишта, во скратена постапка, како и за измените на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за Европски работнички совет, на Законот за евиденциите во областа на трудот, измени и дополнување на Законот за градење, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка(*), предлог на закон за работно ангажирање на лица, предлог на закон за рехабилитација на Република Северна Македонија, годишни извештаи за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2024 година и за работењето на Оперативно-техничката агенција за 2024 година, сите во прво читање.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции