Македонија
20. October 2018 - 16:10

Опозициските пратеници ја условиле поддршката со 4 барања, аналитичарите ги сметаат за разумни, власта најавува спроведување

Пратениците од опозицијата кои го дадоа својот глас за Уставни измени, ја условиле својата поддршка со четири барања кои власта прифатила да ги спроведе.

-Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет

-Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа.

-Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на Македонија во ЕУ.

-Прифаќање на иницијативата на премиерот Заев искажана на 31-та седница на Собранието на 15 октомври, за простување во врска со настаните на 27 април 2017 година во Собранието и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и претседателот на Собранието, кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување, во рок од 30 дена.

Политичките аналитичари овие барања ги оценуваат како разумни и прифатливи

Власта најави прифаќање на барањата на осумте пратеници кои гласаа “ЗА”, а постапката за нивно донесување ќе почне набргу.

ВМРО ДПМНЕ останува на ставот да ги исклучи од членство пратениците кои посатапија спротивно на партискиот став

Вчера осум опозициски пратеници се спротиставија на ставот на сопствената партија и гласаа “ЗА” уставните измени

Елизабета Канческа Милевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ и Емилија Александрова.