Македонија
15. July 2015 - 20:30

Опозициските експерти разочарани од Заев

Опозициските експерти со незадоволство и критики до Заев по потпишување на договорот. Нереалното кревање на очекувањата од страна на лидерот на опозицијата и ветувањата дур траеја преговорите на крајот не беа реализирани, тврдат познавачите.

Подржувачот на опозицијата Миодраг Мишолиќ истакна дека договорот е катастрофа, а што се однесува до министерското место во труд и социјална политика што треба да им припадне на СДСМ, вели дека ако пред изборите нема засилена социјална помош тогаш тоа негативно ќе се одрази врз опозицијата, затоа што социјалците ќе речат дека претходно истата редовно ја добиваа.

Ивор Мицковски пак вели дека станува збор за врзани раце на опозицијата која се враќа во собрание и нема права на понатамошно објавување на таканаречените бомби.

Разочарување и кај Стојанче Ангелов кој напиша подобро било каков отколку никаков! Договор или не?

Новинарот Васко Ефтов гледајќи ги рејтинзите на партиите и убедливата повеќе од двојна предност на владејачката партија во споредба со СДСМ, индиректно упатува на тоа дека договорот од Пржино ќе значи крај на кариерата на Заев. Во својот напис Ефтов вели, Ако ги убеди да има избори во април тогаш политичката судбина на еден од тие лидери ќе биде запечатена.