Македонија
15. October 2020 - 16:40

Опозицијата утре на протест против злоупотребата на европски пари

Опозицијата утре повторно излегува на улица. Овој пат ВМРО-ДПМНЕ ќе протестираат против злоупотребата на европски пари.

Протестот ќе почне во 18 часот и 30 минути пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Секретаријатот за европски прашања.

Најавата за протестот доаѓа по бројните скандали поврзани со работењето на националната агенција за образовни политики предводена од Лидија Димова.

ВМРО-ДПМНЕ денеска објави уште еден според грант која како и претходниот кој се однесуваше на дресура на магариња, е доделен токму на братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски.

Го контактиравме пратеникот Диме Велковски. Тој рече дека нема никаква поврзаност со доделените пари од страна на директорката на агенцијата Лидија Димова. Вели дека не гледа зошто опозицијата го споменува неговото им е.

Пред два дена директорката на агенцијата Лидија Димова рече дека нема да поднесе оставка, таа тврди дека парите се делени според европски правила.