Македонија
7. May 2021 - 16:37

Опозицијата со предлог закон бара историја да остане засебен предмет

Средношколците бараат МОН да се откаже од идејата за дигитализација на образованието. Од здружението Средношколски глас велат дека следењето на наставата преку различни уреди ќе создаде дискриминација меѓу учениците, а печатење на книгите би било само дополнителен финансиски товар за многу семејства. Средношколците се жалат дека иако се директно засегнати, воопшто не се консултирани за промените во образовниот процес.

Премиерот Заев смета дека не треба да се прави драма, туку да се даде шанса за осовременување на образованието.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат МОН да престане со погубните концепти во образованието. Тие ќе предложат измена на Законот за основно образование, со што предметот историја ќе остане засебен предмет.

Инситутот за историја едногласно се изјасни дека го отфрла спојувањето на историјата со кој било друг предмет. Мила да престане со погубните концепти во образовниот процес, бидејќи единствена штета ќе имаат децата и идните генерации. Апелираме да дадат поддршка на предлог законот и заедно да ја зачуваме и негуваме историјата.

Пратениците од опозицијата очекуваат поддршка од владејачкото парламентарно мнозинство бидејќи, како што велат, и граѓаните и стручната фела се против спојување на историјата со други наставни предмети.