Македонија
19. November 2019 - 16:49

Опозицијата смета дека ветингот во судството не е најсоодветно решение за проблемите

Во однос на првото прашање јас нема реторички да го третирам зборот ветинг затоа што ми делува симпатично туку ќе навлезам во суштината на зборот ветинг. Искуството вели дека тие кои што го примениле овој процес на ветинг, еве конкретно во случајот ако го земеме искуството од нашиот Западен сосед дека не поминале успешно. И врз основа на онаа информација која што јас ја имам и навигација која што доаѓа од страна на високи претставници на Европската Унија не се баш среќни со процесот на ветинг во Албанија и дури го препорачуваа во минатото на состаноците со мене, да тој процес на ветинг воопшто и не го применуваме ние овдека во Македонија. Затоа и вчера бев изненаден од изјавата на претставникот на меѓународната заедница кој што беше овдека и кој што го поддржа. Суштината е како да обезбедиме независно судство и независно обвинителство. Вие не можете да обезбедите независно судство ако премиерот се дрзнува да интервенира кај коалициониот партнер кој што патем речено ја повтори изјавата да ургира кај определени судии или обвинители не е важно тоа, за определени пресуди или определени кадровски одлуки. Ветингот тоа не може да го спречи, туку треба вие како голем политичар, како висок политичар во државата да сте свесни дека таков начин на однесување не е примерен и не треба да се случува. Второ, Вие не можете очекувате независно судство или независно обвинителство ако го гледате адвокатот на премиерот како му дава насоки на државниот јавен обвинител. Или пак премиерот го води телот за реформи во судството. Или пак премиер е човек кој што цела држава го гледаше како бара мито и како уценува. Вие не можете да очекувате од такви личности независност во судството или независност во обвинителството. Ако реторичко го анализираме зборот ветинг и ни делува симпатично, тогаш во ред да го употребуваме, но ние треба да обезбедиме структурни реформи кои што ќе донесат навистина реформирано судство и реформирано обвинителство. Но тоа треба да го направиме најпрвин ние како политичари, да се оградиме од било какви влијанија кои што потенцијално во иднина ќе ги направиме. Да понудиме методологија, а потоа дапонудиме спреги и кочници кои што ќе вршат мониторинг на работењето на судиите и обвинителите. Тука голема работа и помош треба да очекуваме од невладиниот сектор кој што континуирано ќе ја мониторира работата на обвинителите и судиите. Гледате што ни се случи со толку збореното, толку уважуваното тело наречено СЈО, видовте како неславно заврши, вплеткано во измами, уцени, криминал итн. Ние е потребно како политичари да покажеме дека навистина имаме волја и желба да се натпреваруваме со политики, а не кој има поголемо влијание кај кој судија или кај кој обвинител. Ако на некој му е интересен и симпатичен зборот ветинг, тогаш нека си го користат и нека си го применуваат. Ние ќе понудиме методологија која што ќе обезбеди вистинска реформа, која ќе обезбеди независно судство, независно обвинителство, но истовремено и мониторинг врз истото.