Опозицијата смета дека продолженото работно време ќе доведе до запуштање на децата и инциденти како во Србија
Зголемувањето на работната недела на 72 часа за изградба на Коридорите 8 и 10 Д ќе донесе дисфункционални семејства во кои родителите недоволно ќе комуницираат со своите деца. Ризикуваме настани како оној во Србија, обвинија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во Комисијата за европски прашања втор ден се дебатира за 5-те контроверзни законски измени со европско знаменце, а кои произлегоа од Договорот со Бехтел и Енка.
Од власта пак, велат истражувањата на опозицијата се стари и тие имале шанса да ги поправат работите уште пред една деценија.
Опозицијата и понатаму тврди дека законите се спротивни на препораките на ЕУ и противуставни. За власта Коридорите веќе се реалност.
Дебатата во Комисијата за сите закони може да трае најмногу 10 дена, но се проценува дека ќе заврши побрзо. Уште неколку дена ќе бидат потребни на пленарна седница за конечно законите и да бидат донесени.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар