Опозицијата се уште го чека договорот со Бехтел, законите во рекорден рок на седница
Не само европското знаменце, туку спорно е и како 5-те владини закони поврзани со Договорот за Коридорите веднаш се најдоа распоредени на седница за два, наместо за 10 дена од кога се пристиганти во парламентот.
Опозицијата и понатаму ја обвинува власта и спикерот Џафери е злоупотреба целата процедура. Сепак, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на утрешната седницата за да укаже на кршење на Делниовникот.
Од таму се уште инсистираат да го видат Договорот за Коридорите, кој иако беше најавено од Владата, не е пристигнат во парламентот ни во ревидирана верзија.
Иако им се како што велат „врзани рацете“ со роковите од брзата постапка, Левица, пак, сепак поднеле на 6.000 амандмани и на новите закони. Најавуваат нова десета кривична пријава за собранискиот спикер Џафери.
Од власта пак, децидни дека нема злоупотреба на европското знаменце.
Од кабиентот на Џафери денеска не одговорија за тоа законските измени од Договорот со Бехтел и Енка кои од Владата пристигнаа вчера, веќе утре ќе се на пленарна седница.
Според Делоовникот, собранискиот спикер решението за свикување на седница со материјалите им го доставува на пратениците најмалку 10 работни дена пред седницата. Овој рок може да е пократок само ако се работи за итна седница. Предложените закони, иако одат на брза трака со европско знаменце, не се по итна, туку само по скратена постапка.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар