Македонија
6. October 2022 - 16:32

Опозицијата повика на масовен протест против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ утре во Охрид

Отворањето на Бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ е груба провокација, а тоа што го прави официјална Софија во односите со Македонија не е ниту договор ниту добрососедство, смета првиот човек на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски со поддршка утрешниот протест кој го најави Левица, повика на масовност но вели да се внимава на провоации на истиот и да се избегнуваат инциденти.  

Со повик фашизмот мора да падне Левица ги повика охриѓани масовно да излезат на протест против отворањето на бугарскиот клуб. Плакати веќе има залепено низ целиот град и на чаршијата каде се наоѓаат и просториите каде е сместен и клубот.

Шефот на бугарската дипломатија пак не гледа проблем што во Охрид  ќе биде отворен културниот центар со името „Цар Борис Трети“, лик од нацистичкото минато на Бугарија. За него поголем проблем било што во Скопје имало гимназија што го носела на Јосип Броз Тито.

Добро е да се мерат реакциите, добро е да се биде ладнокрвен, да се размислува пред да се зборува и во ова да се решаваат работите прагматично, што го предвидува нашиот договор за добрососедство. Ако е проблем именувањето на цар Борис Трети, многу поголемо е именувањето на гимназијата во Скопје по Јосип Броз Тито.

Од македонската влада и Министертвото за надворешни работи не одговорија дали до нив има пристигнато покана за присуство на настанот, што беше случај со отворањето на битолскиот клуб „Ванчо Михајлов“, но и дали некој ќе биде присутен таму.

Името на царот Борис Трети е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Доказ за тоа достапните заеднички фотографии на интернет од бугарскиот Цар Борис Трети и нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Токму поради овој факт, Еврејската заедница е згрозена од отворањето на овој клуб и до Јавното обвинителство во Охрид веќе поднеле и кривична пријава.
Инаку поранешниот премиер на Бугарија и син на Царот Борис, Симеон Саксобурготски, лично дал согласност до Централниот Регистер за именување на охридското здржение.

Сепак клубот во Охрид ја подели и еврејската заедница, Еврејскиот патриотски институт од Софија испратил писмо со поддршка до претседателот на клубот во Охридизрази поддршка со која велат дека треба да запре јазикот на омразата и „потврдата на историската вистина, особено за царот Борис III.

Формирањето на овие здруженија во јавноста веќе предизвикува вознемиреност и се толкува како намерна провокација.