Македонија
20. March 2023 - 16:33

Опозицијата обвинува - Се „Дуизираат“ и болниците

Има ли Дуизација во Куманово и непочитување на балансерот за што обвини пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој тврди дека во кумановскиот здравствен дом вработени се 10 медицински сестри од албанска националност по партиска линија а 4 други кои веќе биле обучени ќе останат дома. Директорот на оваа институција ги отфрла ваквите обвинувања со образложение дека нема наместен конкурс и партиски кадри туку бирале по стручност и образование.

Петрушевски денеска реагира дека ДУИ не го почитува и балансерот иако истите го бараа да биде во функција. Според него, од 10 те вработувања 5 треба да бидат Македонци, 4 Албанци и еден од српска етничка припадност.

-Дополнително не се почитува балансерот кој ДУИ упорно го бара бидејќи директорот на установата е од ДУИ. Но на последниот оглас вработените се сите од албанска националност иако балансерот друго му наложува, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

И додека Петрушевски побара надлежните да го испитаат случајот и евентуално да го поништат огласнот, директорот на кумановскиот здравствен дом ги орфрла обвинувањата со образложение дека нема наместен конкурс и партиски карди туку бирале по стручност и образование. Со став и од Министерството за здравство

-Јавните здравствени установи имаат својство на правен субјект и вработувањата ги вршат самостојно, согласно законските прописи.

Петрушевски најави продолжување на серијалот на непочитување на закони и правила при вработувања во здравството во Куманово.

-Деновиве ќе објавам и за огласи за доктори кои наместо одеднаш да биде објавбен, тој бил делен на 4 пати за да бидат избрани докторите што директорот сакал, вели Петрушевски.

И додека во тек за обвинувања за партиски вработувања, голем број здравствени установи се соочуваат со сериозен недостиг на кадар и со години чекаат одобрувања од финансии.