Македонија
16. јуни 2018 - 16:39

Опозицијата најавува масовни протести против договорот во Битола

Кратко откако Димитров и Кѕијас ќе ги ставата потписите на Догворот со Грција, а Заев и Ципрас ќе се ракуваат за посгитнатото решение, опозциската ВМРО-ДПМНЕ ќе почне протестен марш во Битола, на само 50 километри од мала Преспа.  Централниот комитет на партијата синоќа ги потврдил претходните одлуки на Извршниот комитет дека се  работи за штетен договор кој е во спротивност со дражвните и националните интереси на Република Македонија.

Според партија на Мицкоски, изјавите на грчката страна ќе не нарекува славомакедонци, како и членот од договорот со кој се предвидува, како што велат, бришење на зборот Македонија е доказ дека Заев тргувал со идентитетот.

На ова реагираа од СДСМ. Според нив ВМРО-ДПМНЕ лажно тврди дека е штетен и е удар врз правото на самоопределување. Напротив, велат од партијата на Заев, ова е договор со кој се зајакнува идентитетот.

 „Целиот демократски свет дава силна поддршка за решението на овој долгогодишен спор. Дури и Европската народна партија (ЕПП) кадешто членува и ВМРО-ДПМНЕ го поздравува Договорот и повикува на конструктивност од сите политички партии.

Пред заградата на парламентот и понатаму трае 24 часовната блокада организрана од десетици граѓани кои протестираат против Догворот со Грција.

За утре протест најавуваат од навивачката група Комити кои ги органзиираа и протестот пред Собранието пред два дена.