Македонија
26. September 2018 - 17:16

Опозицијата ја обвини власта за масовен поткуп и вработувања пред референдумот

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за масовен поткуп на гласачи и незаконски вработувања во пресрет на референдумот. Според опозицијата, СДСМ на терен со пари ги убедува граѓаните да го поддржат договорот со Грција.

Во исто време, од партијата обвинуваат и дека на 9 август Централниот регистар објавил незаконски оглас за вработување на 34 лица.

Надлежните институции се на висина на задачата и гарантираат организирање на фер, слободен и демократски референдум, реагираат од СДСМ

Правото нa глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз  избирачкото право ќе биде соодветно санкциониран.

Како што се ближи датумот за референдум, станува се појасно дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Македонија да успее и работат против иднината на Македонија и нејзините граѓани, се вели во списмената реакција на владејачката партија.

Деспина Тодоровска Сител тв