Македонија
7. September 2020 - 19:50

Опозицијата излегува на улица - протести од среда

Во среда ВМРО-ДПМНЕ излегува на улични протести. Скапа струја, сиромашен народ, вели опозицискиот лидер кој најавува промени во дејствувањето на опозицијата.

Мицкоски повика на обединување и формирање на широк опозициски фронт во кој ќе има место и за партиите од опозицијата но и за граѓански организации.
За премиерот најавените протести на власта се знак на фрустрација

Опозицијата најавува серија протести во периодот кој следи. Опозицискиот лидер Мицкоски вели дека динамиката на нивното организирање и нивната тематика ќе зависи од постапките на власта најавувајќи дека во иднина опозицијата целото незадоволство освен на прес конференции и во собранието редовно ќе го изразува и на улица.