Македонија
2. May 2017 - 14:53

Опожарена сушална за тутун во ТК - Прилеп

Во Тутунскиот комбинат - Прилеп доцна синоќа избувнал пожар при што е опожарена сушална за тутун.

Како што соопшти полицијата, причините за пожарот се уште не се познати, а увид  ќе се врши во текот на денов.

Пожарот избувнал околу 00:10 часот и бил изгаснат во еден часот по полноќ од екипа на Територијалната противпожарна единица.