Македонија
5. August 2016 - 15:31

Опожарена куќа во Скопско

Опожарена е куќа во скопското село Љубин во која живеат браќата С.Ш. и И.Ш, соопшти МВР. 

Во пожарот кој избувнал околу 2:30 часот, а целосно бил изгаснат во 4:45, изгореле вториот кат и кровната конструкција, додека првиот спрат бил делумно зафатен.

Се претпоставува дека причина за избувнувањето е заборавен вклучен неисправен бојлер.

Увид ќе се врши во текот на денот.