Македонија
14. January 2020 - 15:05

Опожарен угостителски објект во Бутел, нема повредени

 

Опожарен е угостителски објект во Бутел, на улицата „Томе Пуре“, сопственост на А.С., како и товарно возило „рено мастер“, сопственост на Н.С.(52) од Скопје, кое било паркирано во непосредна близина.

Како што соопшти СВР, случајот е пријавен ноќеска, во 01:15 часот. Со пожарот бил зафатен задниот дел од објектот во кој имало повеќе стари гуми од возила, кровната конструкција и помошната просторија.

Пожарот бил локализиран од екипа на Противпожарната бригада Скопје, повредени лица нема, а извршен е и увид.