Опасност од поплави на бугарското крајбрежје
На бугарскиот брег на Црното Море во должина од над 108 километри му се закнува опасност од поплави, соопшти денеска началниот на Дирекцијата за црноморскиот басен, Десислава Консулова.
Како што јави БТА, станува збор за приморските области во реоните на Варна и Добрич.
Консулова најави дека Дирекцијата работи на изготвување план со конкретни мерки за спречување на поплавите, кој треба да биде одобрен од бугарската Влада и доставен до ЕУ.
- Во реонот на Добрич има три реони со висок ризик со вкупна должина од 54 километри во близина на морето, изјави Консулова, додавајќи дека станува збор за подрачје од над 700 хектари со обработливи површини, станбени објекти и патна инфрастуктура.
Во ренот на Варна пак има шест зони со висок ризик од поплави на подрачје на кое живеат речиси 1.300 жители и опфаќа површина од 50 хектари станбени објекти, 175 хектари патна инфрастуктура и 300 хектари индустриски капацитети
Ново на Сител
-
ЦУК: 11 пожари на отворено, девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир
-
Во Визбегово се убиваат улични животни и миленици со огнено оружје, предупредува Анима Мунди
-
Во Прилеп денеска е ден на жалост
-
Ракометарите на Веспрем триумфираа на Светско клупско првенство
-
Дождот добредојден за земјоделството, се препорачува примена на агротехнички и превентивни мерки
-
Почина малолетник во сообраќајна несреќа на патот Куманово - Крива Паланка
-
Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите
-
Раководството на Реал Мадрид незадоволно од настапите на тимот