Опасност од цунами по силниот земјотрес во Нов Зеланд

Цивилната одбрана на Нов Зеланд предупреди денеска на опасност од цунами на источниот брег на Јужниот остров по силниот земјотрес кој го погоди градот Крајстчерч.
Новозеландскиот весник „НЗ Хералд“ пренесе дека, според очевидци, забележан е бран цунами со височина од два метри кај градот Каикоура.
Според податоците на Американската геолошка служба земјотресот беше со јачина од 7,4 степени, проследен со голем број последователни потреси.
Цивилната одбрана ги советуваше жителите на источниот брег на Јужниот остров да се поместуваат кон север, дополнувајќи дека се уште е рано да се процени штетата и да се соопшти дали има повредени во земјотресот.
Премиерот на Нов Зеланд Џон Ки на Твитер изрази надеж дека сите се на безбедно по земјотресот и оти Цивилната одбрана ја проценува штетата.
Во главниот град Велингтон, луѓето излегоа на улиците, се слушаат сирени и владее голема вознемиреност.
- Цела куќа се поместуваше како змија, некои работи се искршени, а снема и струја, изјави жителка на Такаке, градот кој е речиси на врвот на Јужниот остров.
Според податоците на Американската геолошка служба, земјотресот зафатил 91 километар од Крајстчерч, град кој во февруари 2011 година беше погоден од силен земјотрес во кој настрадаа 185 лица.
Ново на Сител
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
