ОМД реагира на средбата на Рама со лидерите на албанските партии во Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска преку соопштение реагира на средбата на премиерот на Албанија Еди Рама во Тирана со лидерите на албанските политички партии во Македонија и наведува дека станува збор за мешање во внатрешните работи на државата.
- Повикот на премиерот на Албанија Еди Рама кон лидерите на македонско-албанските политички партии во Тирана на состаноци е мешање во внатрешните работи на Македонија, се наведува во соопштението на ОМД.
Според ОМД, Рама е повеќе од добродојден да се среќава со албанското малцинство во Македонија, но, како што соопштува, „средба со нив само ден откако Државната изборна комисија ги објави резултатите, кои од некои политички партии се оспоруваат, вклучувајќи ги оние кои го застапуваат албанското малцинство, и на истиот ден, како што опозициската СДСМ најави силна опозиција на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада, ги поткопува добрососедските односи и се меша во внатрешните работи на Македонија“.
- Како историска и суверена татковина на Македонците и мултикултурна држава, Македонија дава еднакви човекови права на сите малцинства, вклучувајќи го и албанското малцинство, кое е потполно заштитено со Уставот на Република Македонија, се вели во соопштението од ОМД.
Нагласуваат дека Албанија може да биде голем пријател на Македонија, како и да го поддржат патот на Македонија во НАТО. Актот на премиерот Рама, потенцираат, едноставно не е воопшто дипломатски, туку спротивно, мешање во внатрешните работи на Македонија.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
