Олумчев: Најавен четвртиот ковид бран и во Гевгелија
Двата случаи на новоинфицирани од Ковид-19, кои по кусо затишје се евидентирани во Гевгелија во последниот извештај на ИЈЗ, според епидемиологот Сашко Олумчев, го означуваат почетокот на четвртиот корона бран во гевгелиско.
Тој напомена дека очекувал зголемување на бројките на заразени некаде кон крајот на август, но следејќи го развојот на ситуацијата вели дека недисциплината придонесе тоа да се случи и порано.
– Фактот што последниот случај во нашиот град беше вакциниран пациент, кој повторно се инфицирал, потврдува дека вакцините против ковид само го штитат организмот да не развие потешка клиничка слика. Затоа мора да сме свесни дека и покрај тоа што сме вакцинирани треба и понатаму да ги почитуваме мерките за носење заштитни маски во затворен простор, да држиме растојание и да одржуваме хигиена на рацете, нагласи Олумчев.
Повторното воведување на рестрикции и локдауни, смета Олумчев, само ќе создаде револт кај населението и ќе ги зголеми здравствените проблеми од психолошки аспект.
– Сметам дека младите треба да се вакцинираат оти и тие се дел од синџирот на заразата, додека третата доза на вакцина моше ќе треба да се прими, но тоа сепак ќе зависи од ситуацијата со бројот на вакцини што ќе можеме да ги набавиме, вели Олумчев.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
