Фудбал
9. March 2017 - 16:41

Олимписка шампионка поради бременост не патува на СП во Лондон

Двократната олимписка шампионка на 100 метри Шели-Ен Фрејзер-Прајс, поради бременост, нема да учествува на Светското првенство кое во август ќе се одржи во Лондон.
 
Атлетичарката од Јамајка е актуелна шампионка на 100 метри, но во Лондон нема да биде во можност да го брани златниот медал освоен во Пекинг 2015 година.
 
Фрејзер-Прајс на атлетските Мундијали има освоено девет медали, три од нив во 2013 година во Москава, кога и беше прогласена за атлетичарка на годината.