-->
-->
Олимпија и Цедевита ја прекинаа победничката низа на гостинските екипи во АБА лигата
-->
Екипите на Унион Олимпија и Цедевита забележаа победи против Игокеа и Сутјеска, во регионалната кошаркарска АБА лига.
На дуелите од 15.коло, одиграни синоќа, домашните тимови со победите ја прекина доминацијата на гостите, кои во саботните натпревари славеа триумфи на сите четири меча.
Во Љубљана, Олимпија ја совлада Игокеа со 79:63, а во Загреб Цедевита ја победи Стујеска со 73:50.
На натпревари каде победи остварија гостинските екипи беа постигнати овие резултати: Металац Фармаком - МЗТ Скопје Аеродром 68:-77, Партизан - Мега 78:85, Тајфун - Цибона 52:74 и Задар - Крка 67:74.
Со дербито кое на програмата е вечерва во Подгорица од 21 часот, а во кое ќе играат Будуќност и Црвена Звезда, ќе биде заокружено 15.коло во АБА лигата.
Табела: Цедевита 12-3 (победи-порази), Будуќност 12-2, Црвена Звезда 11-3, Мега 10-5, Задар 7-8, Тајфун 7-8, Крка 7-8, МЗТ Скопје 6-9, У. Олимпија 6-9, Партизан 6-9, Цибона 6-9, Игокеа 5-10, Металац 5-10 и Сутјеска 4-11
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Израел го нападна Фордо, додека Трамп најави „промена на иранскиот режим“ по американските напади
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта