Оланд се надева на компромис околу договорот со Лондон

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд во интервју за француското национално радио Франс Интер, оцени дека истапувањето на Велика Британија од ЕУ, т.н. Брекзит, не е уцена од страна на Британците, туку напротив британскиот премиер Давид Камерун со преговорите што се водат во Брисел побарал од Европјаците да му помогнат неговата земја да остане во ЕУ, јави дописникот на МИА од Париз.
На прашањето дали верува дека ќе биде постигнат договор со Лондон, Оланд одговори дека смета оти не треба да има триумфализам на крајот, но дека е потребно да се брани интерсот на ЕУ и Велика Британија да не ја спречува Унијата да напредува.
- Ќе биде пронајден компромис околу „Брекзит“ во Брсиел, се надевам. Го правам тоа што е потребно за да се задржи Обединетото Кралство во Европа, но под услов Европа да може да напредува, рече Оланд.
Оланд вели дека сака да се постигне договор со Велика Британија, колку што е можно побрзо, со нови предлози, но и со утврдување на услови.
Притоа францускиот претседател оцени дека на „Европа и недостига проект“.
Во однос на кризата со бегалците, Оланд смета дека се донесени одлуки, но тие не се целсоно спроведени во дело, посочувајќи на тешкотиите за создавање на центри за регистрација на беглаците во Грција и проблемите за прифатот на бегалци во некои од земјите-членки на ЕУ.
Според него, потребно е Европа да потсети дека има одлуки и тие треба да бидат почитувани. Тој ја поздрави помошта за Турција за прифаќање на бегалците, но оцени деја исто така треба да и се помогне и на Грција.
- Потребно е Грција да воспостави центри за регистрација. Сите ние треба да размислуваме како Европејци. Ние не можеме да ја пренесеме нашата одговорност врз друга земја, ијзави Оланд.
Тој смета дека е потребно да се намали и приливот на бегалците кон Европа и тие „да останат во Турција, Либан, Јордан...“
Според шефот на француската држава, Шенген зоната треба да се заштитува, односно границите да бидат почитувани. Тој смета дека не може да се зборува за „крај на Шенген зоната, бидејќи ако дојде до нешто такво, тоа ќе значи крај за Европа“.
- Се разбира, ризиците за распад се тука. Ние треба да направиме се за да биде почитуван Шенгенскиот договор. Станува збор за засилување на контролата на нашите надворешни граници, за да не дојде до затворање на националните, предупреди Оланд.
Ново на Сител
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
-

Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните
-

Дваесет и две земји-членки на ЕУ бараат итна и координирана реакција на мигрантската криза во Сеута
-

МЗ: Нема нови случаи на западно-нилска треска
-

Министерството за здравство ќе спроведе вонреден надзор по случајот со 19-годишната пациентка парализирана по царски рез
