Македонија
5. July 2015 - 21:06

Оланд и Меркел утре на состанок во Париз на тема Грција

Претседателот на Франција и германската канцеларка, Франсоа Оланд и Ангела Меркел, ќе се сретнат утре во Елисејската палата во Париз, за да разговараат за Грција.

Во Грција денеска се одржа референдум на кој околу десет милиони граѓани се изјаснуваа за предлогот на меѓународните кредитори.