-->
-->
Оланд и Камерон во посета на салата „Батаклан“ во Париз
-->
Британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Франција Франсоа Оланд денеска ја посетија концертната сала „Батаклан“ во Париз, во која џихадистите на 13 ноември убија 90 луѓе.
Камерон на својот профил на Твитер напиша дека во салата стоел „рамо до рамо“ со Оланд, пренесуваат локалните медиуми.
- Утрово сум во Париз за да се сретнам со претседателот Оланд и да оддадам почит на храброста на францускиот народ по неодамнешните терористички напади, напиша Камерон.
Меѓу загинатите во „Батаклан“ беше и еден Британец.
Камерон и Оланд подоцна ќе разговараат за соработката во борбата против Исламска држава, пренесуваат медиумите, потсетувајќи дека власта во Париз предлага зајакнување на меѓународните коалиции против џихадистите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата