Свет
10. February 2018 - 21:43

Олаф Шолц: Германија не треба да ја диктира економската политика на земјите од еврозоната

Германија не треба да ја диктира економската политика на своите партнери од еврозоната, изјави социјалдемократот Олаф Шолц, кој се очекува да биде идниот министер за финансии во новата коалициска влада на германската канцеларка Ангела Меркел.

Неговиот коментар даден во интервју за списанието „Шпигел“ засега е најјасниот сигнал дека Германија планира да ја олабави својата позиција за строга буџетска дисциплина во европската монетарна унија.

- Не сакаме да им диктираме на другите европски земји како да се развиваат економски, нагласи Шолц, кој веројатно ќе го замени конзервативецот Волфганг Шојбле, кој осум години беше симбол на економските мерки за штедење.