Окта го суспендира снабдувањето со гориво на Макпетрол
Окта го запира снабдувањето со нафта на Макпетрол. Поради блокираната сметка, менаџментот на Окта вели дека времено го суспендираат дотурот на гориво - додека не се нормализира состојбата со банкарската сметка. Во моментов се трошат последните залихи на нафтениот гигант. Гориво има за уште 2 до 3 дена. Потешкотии во снабдувањето со гориво се очекуваат во помалите градови низ Македонија, каде претежно има бензиски на Макпетрол. Покрај ова, Макпетреол е единствениот снабдувач на керозин за аеродромоте. Доколку не се најде решение, за една недела можно е да авионите да останат без млазано гориво.
Блокираните сметки ќе го доведат во прашање и снабдувањето со природен гас. Договорот меѓу Макпетрол и Газпром предвидува месечно авансно плаќање на планираните количини. Во моментов залихи на гас има до крајот на месецот, односно до септември.
Во моментов замрзнати се сметките на Макпетроли и Оилко, како и на целиот движен и недвижен имот. Од Макпетрол велат дека во тек е жалбена постапка. Инаку о Макпетрол има законска обврска да обезбеди сигурност во снабдувањето со нафта, нафтени деривати и природен гас. За новонастаната состојба компанијата ќе ги информира сите надлежни институции во државата, како Регулаторната комисија за енергетика, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
