Балкан
3. December 2016 - 15:25

О’Конел: Демаркацијата не е услов на ЕУ, туку на Шенген

Амбасадорот на Велика Британија во Приштина, Руаири О'Конел изјави дека Демаркацијата на границата со Косово не е услов на ЕУ, туку за визната либерализација.

- Не е барање на Европската унија, беше барање на групата „Шенген“ за визна либерализација, а ние не сме членка на оваа група, изјави О’Конел во интервју за Радио телевизија Дукаѓини.

Во истото интервју тој ја осудил корупцијата и непотизмот во Косово.

- На секое ниво, се до најниските функционери во јавниот сектор има манипулации и барања, не само од политичките субјекти, туку тоа е култура, доколку сте поврзани со некого, треба да вработиш некој друг, рече О’Конел.