Околу 900 објекти не се легализирани во општина Карбинци
Околу 900 дивоградби во општина Карбинци се уште чекаат да бидат легализирани. Градоначалникот на општината Јордан Насев вели дека постапката е забавена поради недоволната екипираност на локалната самоуправа, во која работи само една комисија со еден архитект.
– Бараме начин и помош од други општини за да ангажираме надворешно лица и да ја забрзаме постапката за легализација, вели Насев.
Тој додава дека бесправно изградени објекти има во речиси сите населени места и оти во моментот по пријава во селата Горни и Долни Балван е стопирана изградба на два објекти.
– Бидејки немаме градежен инспектор не можеме да издадеме решение за нивно рушење. Со новата систематизација на работните места во општина Карбинци предвидено е вработување на еден градежен инженер кој би работел на местото градежен инспектор, вели Насев.
Советниците во Советот на општината пред извесно време донеса и одлука бранителите да се ослободат од плаќање на комуналии за изградба на објекти, но досега не е поднесено ниту едно барање.
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан