Околу 6.400 Палестинци се водат како исчезнати од избувнувањето на војната во Газа
Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) денеска соопшти дека околу 6.400 Палестинци кои се водат како исчезнати од избувнувањето на војната во Газа сѐ уште не се пронајдени.
„Се верува дека многумина се заробени под урнатините, погребани без идентификација или се во израелски притвор. Од април се регистрирани 1.100 нови случаи“, соопшти МКЦК, пренесува Гардијан. Портпаролката на МКЦК, Сара Дејвис, изјави дека војната во Појасот Газа целосно ја нарушила комуникацијата.
– Кога луѓето се повредени и однесени во болница, членовите на нивните семејства не секогаш знаат во која болница се наоѓаат… Луѓето ги губат своите телефони, а потоа и контактот, рече таа, додавајќи дека ситуацијата дополнително се отежнува и од фактот што често и самите болници се напаѓани, па медицинскиот персонал не може да ги документира или идентификува починатите, или тој процес е отежнат.
Од почетокот на војната во Газа на 7 октомври минатата година, МКЦК пријави повеќе од 8.700 исчезнати Палестинци во Газа и реши околу 2.300 случаи, наведува Гардијан. Се верува дека вистинскиот број на исчезнати Палестинци е значително поголем, делумно затоа што не сите семејства знаат дека можат да го контактираат МКЦК, а во некои случаи цели семејства се убиени, па нема кој да пријави исчезнување.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом