Околу 600 француски војници се заразени со коронавирусот

Околу 600 припадници на француската војска се заразени од коронавирусот, но капацитетот на француската армија да ги извршува своите мисии „не е погоден“, изјави министерката за одбрана Флоранс Парли, јави дописникот на МИА.
– Имаме 600 војници со Ковид-19. Ова е моменталната бројка, бидејќи таа еволуира. Ние го следиме ова многу внимателно и соодветно ги прилагодуваме нашите системи. Но нашата оперативна позиција не е засегната, нагласи Парли, притоа потсетувајќи дека едно граѓанско лице кое работело за Службата за инфраструктурна одбрана починало пред неколку дена од коронавирусот.
Во Сахел, каде што оваа недела беа потврдени првите четири случаи на коронавирус меѓу војниците на анти-џихадистичката операција Баркхане, забележуваме дека случаите на Ковид-19 почнуваат да се зголемуваат во оваа област. Бидејќи пандемијата е глобална, ова не е изненадување, рече министерката.
– Но, нашите сили остануваат фокусирани на нивните анти-џихадистички борбени мисии, а Баркхане, која мобилизира 5.100 француски војници во Сахел, е успешна, рече таа.
Осврнувајќи се на повеќекратните придонеси на вооружените сили во борбата против епидемијата која веќе предизвика 6.500 смртни случаи во Франција, Парли особено потенцира дека во оваа фаза, без разлика дали е во Франција, кон Германија, Луксембург или Швајцарија, војските префрлија 64 пациенти од Гранд Ест, чии болници се со преполн капацитет, во помалку погодени региони.
Ново на Сител
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
-

Престанок на забраната за тешки товарни возила на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Стража-Кичево
-

Велешанец лажно пријавил малтретирање од полицајци
