Свет
30. August 2017 - 9:10

Околу 57 трилиони литри дожд паднаа во јужните делови на САД

Како резултат на поројните дождови во јужниот дел на САД, предизвикани од ураганот Харви, паднаа речиси 57 трилиони литри дожд. 

Се очекува да се паднат уште 23 трилиони литри вода, пред да запрат дождовите. 

Министерството за национална безбедност на САД наведе оти се очекува дека дождовите ќе престанат во следните 24 до 48 часови. 

Спасувачките екипи укажуваат помош на над 13.000 лица во најтешко погодениот град Хјустон, јави ТАСС. 

„Њујорк тајмс“ пишува дека досега поради ураганот Харви загинале 30 лица.