Околу 330 милиони луѓе се погодени од големата суша во Индија
Околу 330 милиони луѓе, или приближно една четвртина од вкупното население, се погодени од катастрофалната суша што ја има зафатено Индија, соопшти денеска Владата во Њу Делхи.
Во соопштението се вели дека со сушата се опфатени 256 области во земјата, но се стравува дека вистинската состојба е уште полоша, затоа што некои сојузни држави за кои се знае дека имаат проблеми со водоснабдувањето, се уште ја немаат известено централната влада за состојбите на нивната територија.
Засега е познато дека се регистрирани над 100 смртни случаи, како последица од големата суша.
Во сојузната држава Ориса властите ги затворија училиштата, а во државите Андра Прадеш и Теленгана, каде минатата година од горештините и недостригот на вода починаа две илјади лица, се преземаат покрај затворањето на училиштата, се преземаат и дополнителни мерки за да им се помогне на луѓето.
Најтешко е погодена државата Махараштри, каде се откажани и спортските натпревари, меѓу другото и за да не се троши водата за одржување на терените.
Индија многу зависи од монсунските дождови, но тие, две години по ред се сиромашни со врнежи, поради што останаа празни бројните резервоари и акумулации за вода.
Владата во Њу Делхи настојува да се справи со кризата, интервенирајќи со апели да не се полнат со вода базените за капење и со испраќање на цели контингенти со вода за пиење во најтешко погодените реони.
Еден воз со половина милиони литри вода за пиење беше испратен вчера, а денеска се испраќа цела една композиција натоварена со нови, 2,5 милиони литри.
Локалните власти, опозицијата и медиумите ја критикуваат владата дека е неподготвена за да одговори на кризата со сувото време, втора година по ред.
Проблемите во Индија се зголемуваат затоа што освен со суша, земјата уште еднаш се соочува и со високите температури.
Во повеќе индиски сојузни држави, температурата со недели не се спушта подолу од 40 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин
-
Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста
-
Утрото студено, преку ден до 11 степени