Македонија
19. November 2021 - 16:40

Околу 200 илјади пораки недостасуваат од хард дискот со содржини од мобилниот телефон на Боки 13

Боки 13ка се сомнева дека се избришани пораките од неговиот мобилен за кои тврди дека ќе откријат вмешаност на политичари во случаите Рекет и Меѓународен сојуз. Вели недостасувале илајдници пораки од неговата комуникација кои како копија ги добил по вештачењето на неговиот телефон. Одбраната смета дека некој се плаши од содржината на пораките, па најверојатно тие се избришани.

Јовановски на денешното судење побара замена за судијата и обвинителот кои го водат случајот, но и за првиот човек на Кривичен, бидејќи како што рече, претседателот на судот, Џолев му побарал мито од 50 илјади евра.

Освен Јовановски, во случајот Меѓународен сојуз, кривично се гонат и неговиот татко, вработени во невладината и поранешната пратеничка Фросина Ременски. Обвинети се за измама на двајца бизнисмени.