Живот
15. August 2015 - 11:07

Околу 200 двојки се бакнуваа на „Тајмс Сквер“ во Њујорк

Околу 200 двојки истовремено се бакнуваа на њујоршкиот плоштад „Тајмс Сквер“, повторувајќи ја познатата фотографија, на која е овековечен бакнежот на морнар и медицинска сестра на денот кога е објавен крајот на Втората светска војна.

Фотографијата „V-J Day in Times Squere“ на Алфред Ајзенштед е направена на истото место пред 70 години.

Настанот „Kiss in“ веќе шест години по ред ги собира двојките на плоштадот во Њујорк, кои со бакнеж ја празнуваат љубовта и им се оддава почит на американските војници.