Околу 15.000 луѓе евакуирани во Германија поради сомневање за бомби од Втората светска војна
Главната железничка станица во северозападниот германски град Оснабрик беше затворена денеска, а околината е евакуирана откако беа пронајдени четири бомби за кои постои сомневање дека се од Втората светска војна, соопшти националната железничка компанија Дојче Бан (ДБ).
Ограничувањата што го засегаат меѓуградскиот, дневниот и товарниот сообраќај ќе останат во сила цел ден, соопшти ДБ.
Околу 15.400 жители мораа да ги евакуираат своите домови рано утринава, откако истрагите открија сомнителни бомби на поранешната товарна станица, соопштија градските власти.
- Колодвор беше масовно бомбардиран за време на војната како стратешка цел. Во голем дел од регионот, теренот воопшто не беше претресен, но таму се можни дополнителни локации, објавија градските власти во февруари.
На местото на поранешната товарна станица се гради нов станбен простор.
Ново на Сител
-
Марко Митев успешно опериран, враќање за шест месеци
-
Агенцијата за национална безбедност првпат објави јавен оглас за вработување
-
Уапсен 33 годишник во Тетово, возел со 193 километри на час
-
Рама: Албанија очекува да ги заврши преговорите за членство во ЕУ во 2027 година
-
Последни денови за пријавување за намалување на сметките за струја за ранливи потрошувачи
-
Си: Нема победници во трговската војна
-
Пронајдени рачни бомби во село Боговиње
-
Почна судењето за претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол, обвинет за велепредавство