Околу 1.300 лица уапсени на протестот во Москва

Полицијата вчера привела околу 1.300 лица кои учествуваа на неодобрениот митинг пред канцеларијата на градоначалникот на Москва, соопшти денеска ДПА повикувајќи се на изјави на активисти.
Според московската полиција во акцијата на единицата за спречување нереди биле приведени над 1.000 демонстранти.
На неодобрениот собир во центарот на Москва се приведени 1.074 лица и тоа заради нарушување на јавниот ред и мир, изјави еден полицаец за Тасс. Претходно, во текот на денот, полицијата пријави дека има неколку стотини упасени.
Повеќе од 3.500 лица учествуваа вчера на собирот на кој се изрази протест поради контроверзното бришење на повеќемина независни кандидати од гласачкото ливче за изборите за Градскиот совет на Москва, закажани за 8 септември.
Американските медиуми наведуваат дека имаше и физички судири меѓу учесниците на протестот и полицајците, како и тоа дека демонстрантите извикуваа „ Русија ќе биде слободна“.
Пред самиот протест беа уапсени неколкумина видни руски опозиционери, меѓу кои и Илја Јашин, Дмитриј Гудков и најблискиот соработник на Навални, Иван Жданов.
Руските власти ги предупредија учесниците на протестот, што не добие одобрение, дека ќе одговараат пред законот. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека во градот се случуваат провокации кои се закана за животот и безбедноста на луѓето, пренесоа руските медиуми.
Ново на Сител
-

Трамп: Нема договор со Техеран без „безусловна капитулација“ на Иран
-

Гутереш: Војната во Иран може да излезе од контрола
-

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон
-

Семејство од кумановско се сомнева дека нивниот 60-годишен брат бил отруен, случајот пријавен во полиција
-

Првиот човек на ФФМ на состанок на „HatTrick“ во УЕФА
-

Изненадете ја на 8 Март – подарете „Среќа плус“!
-

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра, лажно му ветувале дека ќе инвестира во берза
-

Тошковски: Секој полицаец ќе даде максимум за спречување на насилство, но потребен е поефикасен институционален одговор
