Околу 12 илјади цвеќиња ќе бидат засадени во Македонска Каменица

Јавното претпријатие „Камена Река“ во сопствените оранжерии подготвува 12 илјади цвеќиња кои ќе бидат засадени оваа пролет.
Техничкиот директор на ЈП „Камена Река“ Влатко Димитровски информира дека со пролетните цвеќиња ќе се разубават сите делови од градското централно подрачје, но и влезовите во градот.
- Во оранжериите подготвуваме пролетни цвеќиња, кои ќе ни помогнат за цветни аранжмани. Освен куќичката со цвеќиња поставена во центарот на Каменица, аранжманот со стари гуми на влезовите на Каменица, како и многубројните декорации во парковите, имаме и многу други идеи за аранжмани. Целта на оваа наша активност е да го разубавиме градот и можеме да се пофалиме дека сме една од ретките општини која може да претендира за град на цвеќињата, рече Димитровски.
Засадувањето на цвеќињата по парковите ќе стартува од средината на април. Димитровски потенцираше дека благодарение на наградната игра со која јавното претпријатие ги наградува најверните плаќачи на вода, наплатата од стандардните 86 е зголемена на 90 отсто.
- Годинава фондот на награди изнесува околу 500 евра. Мора да потенцирам дека воведувањето награди за редовните плаќачи на сметките е со цел и стимулација на граѓаните за редовно плаќање на сметките. Последниот месец пред наградната игра, наплатата се зголеми од 3-4 отсто. Деновиве ги доделивме наградите за редовните плаќачи за 2015 година. Првата награда е ТВ ЛЦД, втората таблет, а третата е тримесечна претплата за комунална такса, рече Димитровски.
Доделувањето награди за редовните плаќачи на сметки е традиција во работењето на ова јавно претпријатие, кое се практикува веќе 10 години.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати
-

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
