-->
-->
Околу 1.000 матуранти од Скопје традиционално одиграа квадрил на плоштадот „Македонија“
-->

Освен во Скопје, парадата на матуранти се одржа и во Охрид, Струга, Гевгелија, Струмица и Валандово.
Организаторот на настанот Никола Глигоров од Дирекција за култура и уметност посочи дека е задоволен од овогодинешната организација.
– Задоволен сум што и оваа година по 13-ти пат успеавме да ја одржиме оваа манифестација. Интересот кај матурантите од година во година расне. Веќе стана препознатлива манифестација. Се спроведува во околу 60-70 градови од Југоисточна Европа, наведе Глигоров.
Посочи дека подготовките за „Матурска парада 2019“ се спроведувале во текот на второто полугодие.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов им посака успешен упис на посакуваните факултети на матурантите.
Манифестацијата „Матурска парада 2019“ е поддржана од Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во државава првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот