Околу 100 жители од Кривогаштани помагаат во Сингелиќ
Околу 100 жители на општина Кривогаштани предводени од градоначалникот Тони Заткоски денеска заминаа да помогнат околу расчистувањето на теренот во поплавените подрачја во Скопје. Екипите од Кривогаштани се распределени во Сингелиќ.
Од општина Кривогаштани информираат дека освен помош во човечки ресурси, за поплавените жители биле донирани мебел, покуќнина, храна и хигиенски средства во вредност од 20.000 евра. Екипата од Кривогаштани во Сингелиќ била пречекана од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски.
- По четврти пат и денеска заминуваме за Скопје. Жителите на Кривогаштани уште еднаш ја покажуваат својата хуманост на дело. Околу 100 луѓе од целата општина денеска ќе присуствуваат во скопски Сингелиќ, каде на настраданите жители од поплавите ќе им помогнеме околу расчистување на нивните домови, кои беа уништени во катастрофалното невреме. Од почетокот на акцијата за расчистување на поплавите во Скопје на терен постојано се наоѓаат 14 луѓе од Кривогаштани, 10 од нив се вработени во ЈП „Пелагонија“ и четворица се пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, кои се присутни со пумпи за вадење вода и една цистерна, изјави Заткоски.
Општина Кривогаштани веќе една недела има отворено и пункт за собирање донации, кој е лоциран во објектот на ТППЕ Кривогаштани. Претходно во Скопје беа дистрибуирани околу четири тони вода, повеќе килограми конзервирана храна, бебешка опрема и средства за хигиена.
Ново на Сител
-
30 години Сител со Ирена Петкова - Бонго Бокс
-
30 години Сител со Тошо Филиповски - Досие
-
30 години Сител со Миа Костова, Мартин Трпчевски и Билјана Максимовска - 99 Action
-
30 години Сител со Борче Пауновски и Велика Атанасова - Наша Земја
-
30 години Сител со Весна Петрушевска - Вртелешка
-
30 години Сител со Тања Атанасовска - Бумбар
-
30 години Сител со Бошко Трпевски - Асовите бираат асови
-
30 години Сител со Мелита Ракичевиќ - Пет шоу