Оклахома бара од Трамп да го прогласи коронавирусот за „Божја работа“
Гувернерот на Оклахома го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ја прогласи пандемијата на коронавирусот за „Божја работа“, што би им помогнало на државите што произведуваат нафта, чија цена за првпат минатата недела падна под нулата.
„Преголемото производство на нафта продолжува да ја загрозува економијата“, напиша гувернерот Кевин Стит (републиканец) во писмото до Трамп што го објави на Твитер.
Прогласувањето „виша сила“ или „Божја работа“ ќе им овозможи на нафтените компании да престанат со работа без опасност да им се откаже закупот на наоѓалиштата, објасни Стит.
Регулаторната агенција на Оклахома за енергетика оцени дека сегашното производство може да се смета за „економска загуба“ што може да им овозможи на производителите без загуби за концесија да затворат комплекси за вадење нафта каде губат пари.
Ново на Сител
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени