Ојтингер се извини за навредите кон Кинезите и хомосесксуалците
Германскиот еврокомесар Гинтер Отингер денска формално се извини за неговите коментари, со кои тој ги навреди луѓето од Далечниот Исток и хомосексуалците.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Ојтингер кој сега е еврокомесар за дигитална технлогија, а наскоро треба да го преземе и ресорот за буџет во Европската Комисија, се извини за своите изјави на настан во Хамбург, каде го користел зборот „косооки“ и прашал дали наскоро Германија ќе воведе „задолжителен хомосексуален брак“.
- Сега можам да видам дека зборовите што ги употребив создадоа лоши чувства и можеби повредија некои луѓе. Тоа не беше мојата намера и би сакал да се извинам за секоја забелешка која не содржи почит, како што тоа требаше да биде, се вели во изјавата на Ојтингер.
Предходно Ојтингер за весникот „Ди Велт“ се обиде да објасни дека коментарите имале за цел да предупредат против политиките на Германија во дигиталниот сектор и да ја потенцираат потребата Европа во оваа област да ги стигне Кина и Јужна Кореја, а вчера за вебсајтот „Еуроактив“ изјави дека нема зошто да се извинува.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот